MK | EN

 

СЕРТИФИКАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ (QMS) ISO 9001:2008

Политика за управување со квалитет

 


Услугите од нашата програма секогаш и потполно ги исполнуваат барањата на нашите клиенти, согласно важечките стандарди и прописи.
Како клиентски-ориентирана компанија, нашите стремежи се насочени кон постојано подобрување на квалитетот на нашето деловно работење, со зголемена ефикасност во примена на процесите во компанијата преку:

  • постојана и континуирана едукација за значењето на квалитетот на сите вработени;
  • модернизација на опремата;
  • одговорност и активно учество на вработените во креирањето и планирањето, примената и подобрувањето на квалитетот на работењето;
  • постојано подобрување на перформансите на производите и нивно иновирање;
  • спроведување на интерни проверки за верифицирање на ефикасноста на QMS.

 

СЕРТИФИКАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ISO 50001:2008

Политика за управување со енергија

 


Согласно стратегијата за развој на компанијата, раководството усвои акт за Енергетска Политика согласно стандардот ИСО 50001:2011 со што ја подобрува работна ефикасност и практиките за одржување на енергетската ефикасност.
Преку имплементација на оваа политика, нашата компанија се грижи, давајќи позитивен придонес кон намалување на енергетските ресурси и ублажување на негативните ефекти во рамки на светот од употреба на енергија, како што е глобалното затоплување.


 

CE ОЗНАКА

 

Согласно европските регулативи, нашата компанија и производи поседуваат CE ознака која потврдува дека нашите производите ги исполнуваат здравствените, безбедносните и еколошките барања на Европската Унија, со кои се осигурува безбедноста на потрошувачите.

 

Teл: +389 2 3099 643 E-mail: info@mont.mk

COPYPRIGHT © MONT 2015. ALL RIGHTS RESERVED.